London Gateway е голем инвестициски проект сместен на северниот брег на Темза, блиску до нејзиното устие во Северното море (Thurrock, Essex). Проектот за изградба на најголемото пристаниште во светот за големи прекуокеански товарни бродови опфаќа и изведба на најголем европски логистички парк, кој обезбедува добра поврзаност со автопати и железница со Лондон и цела Велика Британија.
Со комплексот лоциран на местото на некогашната рафинерија за нафта Shell Haven, ќе се управува со помош на најсовремени технологии за да се намалат трошоците што го следат транспортот на стоки. Зад проектот стои компанијата DP World, една од најголемите светски компании за управување со пристаништа. Изведбата на пристаништето што започна во почетокот на 2010 година ќе трае неколку години, а градењето ќе биде изведувано во 6 фази.