Европската банка за обнова и развој, во својата анализа истакнува дека земјите од Западен Балкан мора да ги диверсификуваат енергетските извори. Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Македонија и Косово можат да имаат улога во подобрувањето на енергетската сигурност не само на тој дел, туку и во остатокот од Европа и тоа со изградба на терминал за течен гас ЛНГ, наведе ЕБРД. Енергетската безбедност е една од областите за кои во ЕУ најмногу се расправа, посебно бидејќи се проценува дека потребите за енергија во идните 10 години ќе се зголемат за над 30 отсто.