Насловна / Вести / ЕБОР серизоно се насочува кон проекти во зелената економија

ЕБОР серизоно се насочува кон проекти во зелената економија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) планира во идните пет години да насочи повеќе од половина од вкупните вложувања во проекти од областа на зелената економија. Тоа ќе го стори со цел зајакнување на борбата против климатските промени. До 2025 година, повеќе од 50% од вкупните вложувања на ЕБОР би требало да бидат насочени кон поддршка на зелениот економски опоравок на земјите во кои банката работи, при што би се земале во предвид последиците од пандемијата. Вложувањата поконретно ќе значат иновативен пристап во многу подрачја, како „озеленување“ на енергетските системи, декарбонизација на индустријата, одржливи градови и системи за снабдување со храна, како и зачувување на „природниот капитал“. Посебно ќе се води грижа за праведна транзиција, родовата рамноправност, зелени дигитални решенија и енергетска ефикасност.

Новиот план за зелена економска транзиција, веќе е усвоен од страна на одборот на директори на ЕБОР, а се базира на начелата усвоени со Парискиот договор за климата од 2015 година.

ebrd1

ebrd3

Испрати коментар

Scroll To Top