Насловна / Вести / ЕБОР подготвува нов инвестициски самит за Западен Балкан

ЕБОР подготвува нов инвестициски самит за Западен Балкан

Новиот инвестициски самит за Западен Балкан ќе се одржи на 26-ти февруари 2024 година во Лондон. Во објавата за самитот, ЕБОР истакнува дека главната цел е да се истакнат потенцијалните инвестициски и деловни можности во регионот на Западен Балкан и да се промовираат регионалните и прекуграничните проекти.  Ова е шести по ред самит на ЕБОР посветен на Западен Балкан. Првиот е одржан во февруари 2014 година. На страната на оваа институција се вели дека „Западен Балкан е приоритетен регион за ЕБОР, а банката останува еден од најголемите институционални инвеститори во земјите од регионот со над 18 милијарди евра вложени до денес“.

summit1

 

Испрати коментар

Scroll To Top