Благодарение на вложувањето од 23 милиони евра, ЕБОР (Европската Банка за Обнова и Развој), стекна 2,8% удел во француската компанија Voltalia која се занимава со производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија. Така ќе и помогне на компанијата во ширењето на бизнисот на оние пазари на кои ЕБОР е веќе активен, а највеќе во Мароко, Тунис, Египет и Грција каде се планираат инвестиции во проекти од областа на обновливите извори на енергија. Освен тоа, вложувањето е дел од планот на француската компанија за зголемување на капиталот, со цел да ја финансира сопствената инвестициска програма од 2020 до 2023 година. Имено, Voltalia планира до 2020 година да ја удвои инсталираната моќност на соспствените производствени капацитети – на над 1 GW, и дека ќе пушти во погон или ќе изгради дополнителни 1,6 GW инсталирана моќност од обновливи извори на енергија до 2023 година.