Насловна / Вести / ЕБОР ја финансира изградбата на најголемата ветерна централа во Косово

ЕБОР ја финансира изградбата на најголемата ветерна централа во Косово

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со кредит од 58 милиони евра ја финансира изградбата на ветерната централа Бајгора во Косово со иснталирана моќност од 105 MW. Се работи за половина од вкупиот износ на оваа инвестиција на северот од земјата која е во сопственост на компанијата Sowi Kosovo. Остатокот од средствата се обезбедени од страна на  Erste Group Bank и NLB со помош на германската агенција за финансирање на извозот Euler Hermes. По завршувањето на изградбата, оваа најголема ветерна електрана во Косово, која претставува сериозен исчекор во тамошната енергетска транзиција, ќе биде заслужна за 10% од инсталираниот капацитет на земјата, со што емисиите на јаглерод диоксид ќе се редуцираат за 247 000 тони годишно. Инаку, компанијата Sowi Kosovo е во мнозинска сопственост на израелската компанија за обновливи извори на енергија Enlight Renewable Energy.

kosovobajgora1

kosovobajgora2

kosovobajgora3

Испрати коментар

Scroll To Top