Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и одобри заем на Србија за демонтажа на сите котли на јаглен во системот за централно греење во Крагуевац, инсталирање на котли на природен гас и санација на отворената депонија за пепел. Пакетот на ЕБОР е вреден 18 милиони евра. Во соработка со Европската унија, ЕБОР исто така ќе и омогне на Србија во посготовката на националниот енергетски и климатски план за периодот до 2030 година. Квалитетот на воздухот во Крагуевац, четвртиот по големина град во Србија, е многу лош. Тамошниот систем за далечинско греење е еден од главните извори на загадувањето на воздухот. Новите котли на природен гас ќе имаат капацитет од 110MW. Со оваа инвестиција емисиите на јаглерод диоксди ќе бидат намалени за 66%, додека ПМ честичките и сулфур диоксидот ќе бидат целосно елиминирани од работењето на овој систем. Банката соопштува дека досега во Србија има вложено 6,6 милијарди евра преку 286 проекти.