Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), со 50 милиони евра грант ќе ја помогне изградбата на првиот ветерен парк во Србија, инвестиција на српската компанија Electrawinds K-Wind. Проектот е проценет на 185 милиони евра, за што се обезбедени комерцијални кредити во висина од 140 милиони евра. Ветерната фарма со вкупна инсталирана моќност од 104,5 MW ќе се наоѓа на 50 km североисточно од Белград, а ќе се состои од 38 турбини со инсталирана моќност од по 2,75 MW.
Во моментот Србија обезбедува околу 70% од електричната енергија од јаглен, а околу 30% од хидропотенцијалот.