Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), усвои нови политики во работењето поврзано со финансирањето на хидроенергетските објекти, по спровените консултации во однос на јвнот мислење во 8 градови, меѓу кои и во Белград. Според новата еколошка и социјална политика на банката, ќе бидат заострени критериумите и проверките на потенцијалните проекти од еколошки и социјален аспект, вклучувајќи ги во оваа група сите хироенергетски проекти.
Како резултат на отпорот на јавноста з аизградбата на малите хидроцентрали на Балканот, од почетокот на 2020 година, ЕБОР ќе бара од комерцијалните банки да работат дополнителни проверки за проектте од висок ризик, вклучувајќи ги под оваа категорија сите хидроенергетски проекти. Исто така, ЕБОР бара од комерцијалните банки да се грижат з аповисоки стандарди во однос на заштитата на животната средина отколку досега.
Овој значаен пробив во промената на политиките на ЕБОР, доаѓа како последица од притисокот од граѓанските организации. Имено, минатата година кампањата Blue Heart of Europe собра над 120.000 потписи барајќи од ЕБОР, Европската Инвестициска банка (ЕИБ) и Меѓународната Финансиска Корпорација (IFC) да го ограничат финансирањето на хидроенергетските проекти на Балканот.