Британската нискотарифна авиокомпанија EasyJet неодамна соопшти сека во соработка со американската компанија Wright electric создала прототип на електричен авион со домет од 539km . Новите електрични авиони би можеле да покријат околу 20% од летовите на оваа компанија. Исто така, кажано е дека нивната соработка со американската компанија е дел од поширока стратегија за декарбонизација и намалување на бучавата во авиосообраќајот.
Европската комисија го нотираше воздухопловството како еден од најбрзо растечките извори на емисии на гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина. Во моментот се прават напори за решавање на ова прашање. Компанијата KLM е пионер во воведувањето на биогориво уште од 2011 година.