Ние сме млада брачна двојка и наскоро треба да се вселиме во нашиот новоизграден стан. Ве молиме да ни помогнете станот да го опремиме така да ни биде удобен и функционален. Во дилема сме како да ја организираме просторијата за дневен престој која е заедно со кујната, а преку неа се влегува во спалната соба.
Волета и Дамир Скопје.
Ви предлагам решение кое не бара никакви промени на ѕидовите и инсталациите во станот освен правење преграда од гипс картон плочи меѓу кујната и дневниот престој, како и дефинирање на просторот на кујната со преградување бочно со гипсен ѕид. Во преградата меѓу кујната и дневната соба направете полици на кои ќе се сместат телевизорот, музичкиот систем и мала библиотека. Влезот од кујната кон дневната соба можете да го затворите со шибер врата застаклена со пескарено стакло. Бочно од кујната организирајте трпезарија со тркалезна маса. Наместо плакар, решение за холот може да биде ниша со лизгачка врата во која се организираат гардеробата и обувките. Пред нишата, на таванот, поставете вградени светилки кои при отворањето на нишата ќе даваат оптимална прегледност. Спалната соба опремете ја со брачен кревет, ноќни ормарчиња и плакар. Немојте просторот да го преоптоварите, пуштете го да дише, употребете лесен мебел со јасни линии и топли бои.
Билјана Стевковкса – Савиќ,
дипл. инж. арх.
Објавено во број 121