Насловна / Архитектура / Како дома а во канцеларија

Како дома а во канцеларија

 41-1.jpg

За да ја подигнат продуктивноста на вработените,сопственицитена големите фирми денес се повеќе бараат од архитектите да проектираат простори сто ни малкуне личат на класичните канцеларии. Во нив вработените работат на лаптоп сто го пренесуваат каде ќе им текне, телефонираат и закажуваат деловни состаноци во стаклени кабини, а во паузите на работа, освен кафе потготвуваат и храна, решаваат крстозборки, играат домино, вежбаат во теретана, пливаат во базен и се чуствиваат како дома.

 



 

Првите деловни простори кои се појавуваат во 19 век во САД ја ставаат во прв план важноста на корпорациската kd1.jpgдисциплина. Отворениот работен простор, често без доволно дневна светлина, се проектирал со намера најлесно да се врши контрола над производствениот процес. За разлика од него, хуманистич киот пристап на северна Европа отсекогаш ја поттикнувал комуникацијата меѓу вработените. Затоа во овие земји запрвпат започнаа да се проектираат заеднички простории во склоп на работното опкружување. Ходниците се правеа по урнек на улици, а аудиториумите и аулите со атмосфера на градски плоштади. За секој вработен се предвидуваше простор заграден со паравани во кој се сместуваа работни маси.
Последните декади на 20-тиот век на јавноста и стана јасно дека и американскиот и северноевропскиот модел треба да се менуваат . На првиот му недостасуваш е индивидуален пристап, вториот го ограничуваше просторната флексибилност. Исто така, развојот на ИТ технологијата ја доведе во прашање и моноупотребата на едно место.
Денес од проектантите на канцелариските згради се бара што е можно поголема флексибилност во поглед на организацијата на различните работни конфигурации и деливост на објектот на повеќе помали или поголеми корисници. Ваква задача се задава и затоа што во моментот на проектирањето не се знае кои ќе бидат конечните корисници и која големина на простории ќе им биде потребна. Исто така, брзите промени во работниот процес и во структурата на работните организации бараат и промени на ентериерот на работниот простор. Во Холандија, на пример, веќе се појавија ентериеристи како што се хрватските архитекти Перо Пулјиц и Бранимир Медиќ, кои работат за бирото Arhitenten Cie, што е специјализирано за изработка на ентериери на деловни простории. Тие во последно време во рамките на една фирма проектираат канцеларии со различ ни амбиенти, кои секој од вработените ги одбира според своја желба.


 

Секој сака различен амбиент   – За креативна работа ви е потребен простор што ќе ве инспирира вели нашиот дизајнер Драшко Јовичиќ, кој не може да замисли да работи во простор што изгледа како класична канцеларија. Неговото студио “Папилон 92” има kd2.jpgентериер со необичен метафизички концепт, кој ги шокира сите што првпат ќе влезат во просторот од 100-тина квадрати, сместен во сутеренот на една од зградите во Мичурин. Студиото содржи влезен хол со мини кујна и тоалет, една канцеларија со гарнитура за седење за работа со клиенти и работен кабинет, одвоен со меѓупростор со огледала, ниши за скулптури и слики на штафелај. Кројачките кукли без лица, бистите на решеткавите постаменти, стаклените маси што се потпираат на коринтски капители и скулптури од гипс, каријатидите што носат греди, темпларските крстови, рекамие софите за седење и другите шоу-рум елементи во ентериерот се инспирација за овој наш креатор, кој претежно се занимава со дизајнирање на мебел и на ентериери. Во просторот со рустични ѕидови што изгледаат како театарски кулиси, во очи паѓаат и уметничките слики и реплики на дела од ренесансните, барокните и од романтич ните автори. Некои од нив се врамени во дрвени рамки, а некои се насликани во ал секо техника директно на површината на ѕидовите и на плафоните. Со сите овие елементи Јовичиќ ги истражува различните ефекти на необичност, изненадување и шок кај посетителите, на кои наеднаш, им се чини дека стануваат свесни за тајната душа на предметите. Така креира магична реалност надвор од физич ката реалност, во која добива идеи за нови проекти. Драшко Јовичиќ не е единствениот креативец кај нас кој сака да работи во поинаков амбиент. Архитектот Валентино Константиновски, на пример, вели дека сака да биде опкружен со весели бои и асиметрични форми. И тој не може да смисли крута атмосфера на работа, ниту амбиент со мали простории во кој ќе се чувствува стеснето.


-Кога работам, одвреме-навреме погледнувам околу себе. Така се инспирирам. Затоа мојата работна соба е kd3.jpgпоставена во централниот дел од ентериерот. Не сакам да се чувствувам затворен во ѕидови и не ги сакам малите простории. За мене отсекогаш поголем предизвик биле асиметритрич ните форми на мебелот отколку симетричните. Асиметријата го збогатува просторот со замислена, претпоставена симетрија, оставајќи место за безброј комбинации, слично на радиото, црно-белата фотографија и филм, кои ја развиваат фантазијата на човекот – вели овој архитект, кој кога се вратил од едно патување во Малезија, го проектирал ентериерот на просторот во Дебар Маало каде работи и денес.

Тој во своето ателје употребил цел спектар на бои – ѕидовите ги обоил во светлосини и сиви тонови, мебелот во силни констрасти на жолто, црвено и сино, а подот во жолто и црно. “Подните плочки се редени во форма на мозаик, со неправилни полиња, ограничени со црни ленти. Изгледаат како краци на некое огромно членконого суштество. Секој што ќе дојде во ателјето најпрвин е изненаден и шокиран од мноштвото форми и бои, а потоа се чувствува смирено и релаксирано поради нивната складна композиција”- објаснува тој.


 

Наместо отуѓеност, фамилијарна атмосвера   Кога 1998 година Лери Пејџ и Сергеј Брин, постдипломци на Универзитетот Стенфорд, во една гаража ги поставија темелите на Гугл, никој не можеше да предвиди дека во краток рок овој интернетски пребарувач ќе доживее таков планетарен успех. Денес Гугл вреди 75 милијарди долари и има повеќе од 50 офиси во сите краеви на светот во 41-2.jpgкои работат над 15.000 луѓе. Во јавноста е познат и како компанија која на вработените им пружа најдобри услови за работа на светот што го потврди и последната анкета на познатиот магазин “Фортуне” во која европските студенти го прогласија за најпожелна компанија на светот. Освен одличната плата, пензиското и здравственото осигурување и различните бонуси, вработените имаат и многу други бенефиции на работното место. На пример, само во управната зграда во Маунтин Вју, се наоѓаат дури 17 ресторани во кои на вработените три пати на ден им се послужуваат топли јадења со специјалитети на италијанска, мексиканска, индиска и јапонска кујна. Исто така, на вработените во Гугл на располагање им се базени, спортски терени, простории за масажа, теретани, лекарска грижа, фризерски салон, автопералница… Според мислењето на експертите, тајната на успехот на Гугл е – играта! Водечките луѓе на компанијата сметаат дека за да се поттикне креативноста и продуктивноста на сите вработени треба да им се овозможи во текот на работното време пауза за време на која ќе се релаксираат со различни видови колективни игри за деца. Нивните офиси полни со различни играчки, и според деловните резултати, сигурно носат успех. -Мене и на моите соработници храната ни е најважната работа во исцрпувачкото 10-часовно работно време. Затоа во нашиот офис имаме голема маса во кујната која исто така ни служи и за состаноци, неврзан муабет, решавање на крстозборки, одмор… Поради неа сите се чувствуваме како да сме дома. Неколку наши клиенти веќе ни рекоа дека се одушевени од овој амбиент, а посебно со храната која сами ја подготвуваме и ја послужуваме за време на паузата за ручек. Се надевам дека сите наши идни состаноци ќе бидат кај нас во канцеларијата, па нема непотребно да губиме време заглавени со автомобилите во градскиот метеж – вели театарскиот сценограф Луис Јансен, кој е еден од првите менаџери што во својата фирма радикално го промени изгледот на ентериерот во склад со новиот тренд за уредување на канцеларии што аналитичарите на Запад го нарекуваат “Како дома”.

Овој пример можеби најдобро ги илустрира промените кои паралелно со трендот на индивидуализација и развојот на ИТ технологија радикално влијаеа на просторните конфигурации на денешното  работно опкружување. Лаптопите се причината што границата помеѓу сопствениот дом и канцеларијата постепено ја снемува. Овие промени се исто така во врска со големината на фирмата и специфичноста на работниот процес. Логично е дека во малите офиси каде има само неколку вработени ќе има фамилијарна атмосфера. Отуѓеноста помеѓу вработените во големите фирми поради која се повеќе луѓе боледуваат од стрес и депресија е причината менаџерите да ги менуваат монотоните корпорациски ентериери од стакло, мрамор и месинг со простории кои изгледаат како дневна соба во која сите се чувствуваат опуштено како дома.


 

Како малечок град   kd5.jpgИзгледот на канцеларијата е исто така и во тесна врска со времето кое современите менаџери го поминуваат во него. Денес вработените поминуваат многу помалку време во своите канцеларии, дури и помалку од 50% во однос на деведесеттите. Ако се суди само според бројните показатели, може да се заклучи дека со добра организација, големината на работните простори може и да се преполови. Наместо традиционалните административни простори со централен коридор и со соби од една и од друга страна, отворените пејзажни канцеларии без ходници, како и меѓу формите или комби-уредите што беа карактеристични за 90-тите, денес благодарение на развојот на безжичната ИТ технологија се воведува концептот на “динамичен административен простор”. За успешно извршување на работите веќе не морате да бидете врзани за една одредена локација. Мобилните телефони и лаптопите се сместени во шкафчиња и го чекаат својот корисник. Службеникот, во зависност од видот на работата и од своето моментно расположение, одбира каде ќе работи, заедно со десетина свои колеги, на голема работна маса сместена во заедничкиот простор на канцеларијата, во помало сепаре со удобни фотелји со уште двајца или тројца колеги, или пак поради низата на телефонски разговори што треба да ги заврши, ќе се изолира во стаклена собичка за индивидуална работа, која визуелно е поврзана со остатокот на уредот и со надворешниот свет. Концептот на динамичниот канцелариски простор ја смалува потребната површ ина на администрацијата, па и самата инвестиција. Со него на фирмата  остануваат повеќе пари кои можат да се инвестираат во поквалитетен простор за работа. Избегнувањето на полупразните работни простори, со поттикнување на инспиративна атмосфера, ја поттикнува комуникацијата и креативноста на работата, па се kd7.jpgостварува поголема и поквалитетна продуктивност. Идеалниот современ работен простор е со флексибилна работна атмосфера кој најмногу би потсетувал на малечок град. Со серијата на градски елементи главна улица, игралиште за кошарка, плоштад, киосци, градинка, гимнастичка сала, парк, кафе ресторан би требало да создаде инспиративна атмосфера за работа, размена на информации, да се смали границата помеѓу работа и опуштање. Простор со кој ќе можеме да се идентификуваме и во кој секој ден со задоволство ќе одиме на работа.  
Н.Н  
Објавено во бр.99 Петок 03.01.2009г.

Испрати коментар

Scroll To Top