За да ја подигнат продуктивноста на вработените,сопственицитена големите фирми денес се повеќе бараат од архитектите да проектираат простори сто ни малкуне личат на класичните канцеларии. Во нив вработените работат на лаптоп сто го пренесуваат каде ќе им текне, телефонираат и закажуваат деловни состаноци во стаклени кабини, а во паузите на работа, освен кафе потготвуваат и храна, решаваат крстозборки, играат домино, вежбаат во теретана, пливаат во базен и се чуствиваат како дома.
Првите деловни простори кои се појавуваат во 19 век во САД ја ставаат во прв план важноста на корпорациската дисциплина. Отворениот работен простор, често без доволно дневна светлина, се проектирал со намера најлесно да се врши контрола над производствениот процес. За разлика од него, хуманистич киот пристап на северна Европа отсекогаш ја поттикнувал комуникацијата меѓу вработените. Затоа во овие земји запрвпат започнаа да се проектираат заеднички простории во склоп на работното опкружување. Ходниците се правеа по урнек на улици, а аудиториумите и аулите со атмосфера на градски плоштади. За секој вработен се предвидуваше простор заграден со паравани во кој се сместуваа работни маси.
Последните декади на 20-тиот век на јавноста и стана јасно дека и американскиот и северноевропскиот модел треба да се менуваат . На првиот му недостасуваш е индивидуален пристап, вториот го ограничуваше просторната флексибилност. Исто така, развојот на ИТ технологијата ја доведе во прашање и моноупотребата на едно место.
Денес од проектантите на канцелариските згради се бара што е можно поголема флексибилност во поглед на организацијата на различните работни конфигурации и деливост на објектот на повеќе помали или поголеми корисници. Ваква задача се задава и затоа што во моментот на проектирањето не се знае кои ќе бидат конечните корисници и која големина на простории ќе им биде потребна. Исто така, брзите промени во работниот процес и во структурата на работните организации бараат и промени на ентериерот на работниот простор. Во Холандија, на пример, веќе се појавија ентериеристи како што се хрватските архитекти Перо Пулјиц и Бранимир Медиќ, кои работат за бирото Arhitenten Cie, што е специјализирано за изработка на ентериери на деловни простории. Тие во последно време во рамките на една фирма проектираат канцеларии со различ ни амбиенти, кои секој од вработените ги одбира според своја желба.
Секој сака различен амбиентентериер со необичен метафизички концепт, кој ги шокира сите што првпат ќе влезат во просторот од 100-тина квадрати, сместен во сутеренот на една од зградите во Мичурин. Студиото содржи влезен хол со мини кујна и тоалет, една канцеларија со гарнитура за седење за работа со клиенти и работен кабинет, одвоен со меѓупростор со огледала, ниши за скулптури и слики на
![kd3.jpg kd3.jpg](http://92.55.64.34/images/stories/kd3.jpg)
Тој во своето ателје употребил цел спектар на бои – ѕидовите ги обоил во светлосини и сиви тонови, мебелот во силни констрасти на жолто, црвено и сино, а подот во жолто и црно. “Подните плочки се редени во форма на мозаик, со неправилни полиња, ограничени со црни ленти. Изгледаат како краци на некое огромно членконого суштество. Секој што ќе дојде во ателјето најпрвин е изненаден и шокиран од мноштвото форми и бои, а потоа се чувствува смирено и релаксирано поради нивната складна композиција”- објаснува тој.
Наместо отуѓеност, фамилијарна атмосверакои работат над 15.000 луѓе. Во јавноста е познат и како компанија која на вработените им пружа најдобри услови за работа на светот што го потврди и последната анкета на познатиот магазин “Фортуне” во која европските студенти го прогласија за најпожелна компанија на светот. Освен одличната плата, пензиското и здравственото осигурување и различните бонуси, вработените имаат и многу други бенефиции на работното место. На пример, само во управната зграда во Маунтин Вју, се наоѓаат дури 17 ресторани во кои на вработените три пати на ден им се послужуваат топли јадења со специјалитети на италијанска, мексиканска, индиска и јапонска кујна. Исто така, на вработените во Гугл на располагање им се базени, спортски терени, простории за масажа, теретани, лекарска грижа, фризерски салон, автопералница…
Овој пример можеби најдобро ги илустрира промените кои паралелно со трендот на индивидуализација и развојот на ИТ технологија радикално влијаеа на просторните конфигурации на денешното работно опкружување. Лаптопите се причината што границата помеѓу сопствениот дом и канцеларијата постепено ја снемува. Овие промени се исто така во врска со големината на фирмата и специфичноста на работниот процес. Логично е дека во малите офиси каде има само неколку вработени ќе има фамилијарна атмосфера. Отуѓеноста помеѓу вработените во големите фирми поради која се повеќе луѓе боледуваат од стрес и депресија е причината менаџерите да ги менуваат монотоните корпорациски ентериери од стакло, мрамор и месинг со простории кои изгледаат како дневна соба во која сите се чувствуваат опуштено како дома.
Како малечок градИзгледот на канцеларијата е исто така и во тесна врска со времето кое современите менаџери го поминуваат во него. Денес вработените поминуваат многу помалку време во своите канцеларии, дури и
остварува поголема и поквалитетна продуктивност. Идеалниот современ работен простор е со флексибилна работна атмосфера кој најмногу би потсетувал на малечок град. Со серијата на градски елементи главна улица, игралиште за кошарка, плоштад, киосци, градинка, гимнастичка сала, парк, кафе ресторан би требало да создаде инспиративна атмосфера за работа, размена на информации, да се смали границата помеѓу работа и опуштање. Простор со кој ќе можеме да се идентификуваме и во кој секој ден со задоволство ќе одиме на работа.
Н.Н
Објавено во бр.99 Петок 03.01.2009г.