Извонредниот мехатронички модел Е.Т. кој е користен во класикот на Стивен Спилберг од 1982 година и со право е прогласен за инженерско чудо, е на аукција и може да биде ваш за три милиони долари.
Како резултат на макотрпна изработка и вистинско парче од филмската историја, моделот има 85 точки на движење. Направен е од дуралуминиум и може да трепка, а може и да го ротира стомакот благодарение на електричните и механичките кабли.
Коментирајќи, Џејсон ДеБорд, главен оперативен директор на Julien’s Auctions кој ќе го продава ремек-делото, изјави: „Овој модел е навистина уметничко и инженерско ремек-дело. Ништо како овој модел никогаш повеќе нема да биде креирано за голем филм, бидејќи едноставно не е практично во ера на убедливи компјутерски ефекти“.
Настанот „Julien’s Auctions and TCM Present: Icons & Idols: Hollywood” ќе се одржи од 17 до 18 декември во Беверли Хилс или онлајн на JuliensLive.com.