Веќе не е потребна ниту батерија за да се биде енергетски независен. Енергетскиот ггигант E.On иницијално на своите купувачи во Германија и Италија ќе им даде можност да складираат електрична енергија произведена на нивните фотоволтаични системи на покриците, без потреба да инсталираат батерии. Купувачите ќе можат да складиштат неограничена количина на произведена енергија преку виртуелни сметки, откако енергијата ќе ја испорачаат на E.On. Тоа значи дека ќе можат да заштедат електрична енергија испорачувајќи ги своите вишоци на мрежа кога условите за производство се оптимални, и да се троши кога условите за нејзино производство се неповолни, на пример ноќе и во зима. E.On нагласува дека со тоа се штеди на купувањето и инсталација на батерии, но и на одржувањето. Услугата е наречена Solar Cloud, а во E.On нагласуваат дека на овој начин уште повеќе ќе се зацврсти независноста на купувачите. Оваа опција ќе биде овозможена и за сопствениците на на топлински пумпи и електрични автомобили.