Ѕвездата на „Мерцедес“ е веројатно еден од најпрепознатливите заштитни знаци на светот. Онаков каков што го знаеме денес, дебитирал пред 100 години. Во 1899 година австрискиот стопанственик Емил Јелинек им дал име по својата ќерка Mercédès на возилата на Daimler-Motoren-Gesellschaft (DMG) кои ги користел во мотоспортот и ги продавал. Во 1902 година го регистрирал ова име на службениот печат. Подоцна, на 5-ти ноември 1921 година, односно пред 100 години, компанијата Daimler-Motoren-Gesellschaft (DMG) го поднела до патентниот завод барањето за заштита на модифицираниот модел кој претставува ѕвезда затворена во круг. За регистрација на дизајнот биле потребни две години. Конечно, во 1923 година тој е службено одобрен и започнува да ги украсува предните страни на тогашните автомобили.
По воспоставување на зеднички интереси помеѓу Benz и Daimler, во склоп на нивното корпоративно спојување во 1924 година, амблемите на двата најстари производители на автомобили стоеле еден покрај друг. Една година подоцна се комбинирани во обликот на трикрака ѕвезда со ловоров венец и напис Mercedes-Benz. Овој облик на означување на автомобилите на Daimler е познат до денес. Сепак, најпрепознатлив и најчесто користен е оној со ѕвезда во круг.