Насловна / Архитектура / ЅОМ го претстави проектот за „најпаметната зграда во Чикаго“

ЅОМ го претстави проектот за „најпаметната зграда во Чикаго“

Престижното американско архитектонско биро Skidmore, Owings & Merrill (SOM) го претстави проектот за својот нов објекти и го опиша како најпаметна зграда во Чикаго, која, како што наведуваат, комбинира „и мозок и снага“.

Кулата 800 Fulton Market се одликува со високотехнолошки системи за управување со зградата и може да се пофали со карактеристики на одржливост, додека вкрстените носачи, кои го дефинираат надворешниот изглед, обезбедуваат стабилност што и е потребна на зградата во услови на суровите зими во Чикаго.

3

СТРУКТУРНО ЕКСПРЕСИВНА АРХИТЕКТУРА

Кулата во нејзиниот највисок дел достигнува висина од 100 метри, а нејзината скалеста форма овозможила организирање на отворени тераси кои служат како неформални работни места во тек на топлите денови.

Покрај косите носачи, фасадата е дефинирана и со комбинација на црвена тула и стакло, што укажува на индустрискиот карактер на околината.

2

Како што наведуваат авторите на проектот за New Atlas, објектот се карактеризира со надворешни челични рамки со X носачи, што е продолжение на историјата на SOM на креирање структурно експресивна архитектура.

„Конструирани да издржат сурови зими и силни ветрови во Чикаго, рамките се проектирани да се собираат кога времето е студено и да се шират на повисоки температури. Заедно со стакленото јадро суспендирано долж северната страна на зградата, овој единствен структурен систем овозможува големи, отворени подни плочи и флексибилен, осветлен работен простор“, велат во SOM.

1

Од компанијата понатаму објаснуваат дека нивната примарна идеја била да проектираат зграда која ќе остави впечаток дека отсекогаш била дел од историскиот, индустриски карактер на квартот Fulton Market, па така големо внимание е посветено на изборот на материјали и формата. Така е избрана грациозна сткалеста форма, која е во склад како со непосредниот контекст на објектот, така и со хоризонтот на Чикаго.

НАМАЛНИ ЕМИСИИТЕ НА ЈАГЛЕРОД ЗА 65 ОТСТО

Влезната зона во 800 Fulton Market е во форма на големо лоби со тројна спратна висина каде се организирани впечатливи конзолни скали и мезанин замислен како неформален работен простор.

Поголемиот дел од оваа 19-катница е исполнета со канцелариски простори, иако се планира да се организираат и малопродажни простори, конференциски сали, фитнес центар и салони.

5

Проектот доби LEED платинаст сертификат за зелена градба за енергетски ефикасен дизајн, а ЅОМ посочуваат дека со проектот е предвидено намалување на емисиите на јаглерод за 65 отсто во споредба со просечна комерцијална зграда.

4

НАМАЛЕНА УПОТРЕБА НА ВОДА

Покрај тоа, системот за управување со зградата е организиран така што, по потреба, свеж воздух циркулира низ кулата, со што се намалуваат трошоците за ладење и се помага природната вентилација, што е сè попотребно во канцелариските простори по пандемијата Ковид-19.

Други додатоци на објектот кои се фокусирани на здравјето вклучуваат лифтови кои работат без потреба од физички допир, како и системи за следење во реално време инсталирани за да се усогласат со сите неопходни упатства за социјално растојание.

На самиот врв на зградата е организиран делумно зелен кров, а потрошувачката на вода е намалена секаде каде што тоа било можно.

6

Испрати коментар

Scroll To Top