Насловна / Арт и дизајн / Ѕирнете во простории на „Фејсбук“ насликани од локални уметници

Ѕирнете во простории на „Фејсбук“ насликани од локални уметници

Марк Цукерберг неодамна објави неколку фотографии кои покажуваат простории на „Фејсбук“.

Иако можело да се очекува дека уредувањето на нивните канцеларии го следи трендот на опуштена атмосфера и светли бои, фотографии покажуваат дека „Фејсбук“ е подготвен да оди еден чекор понатаму, па дури и кога станува збор за дизајнот на ентериерот.fejsbuk-prostorii_3

Всушност, „Фејсбук“ уште од самиот почеток ги поканува локалните уметници со своите уникатни дела да ги насликаат просториите на компанијата, и со тоа да придонесат за општата креативност на целото место. Цукерберг верува дека работните простории треба да ја одржуваат филозофијата на самата компанија, односно да зрачат со креативност и желба да се создаде нешто ново и посебно.fejsbuk-prostorii_2

За таа цел, наменета е и посебна просторија во компанијата, која се нарекува Facebook Analog Research Laboratory. Таквата „лабораторија“ е уникатно место кое се занимава со креативност и уметнички израз, а вработените во сите сектори се поканети токму да се одмораат на креативен начин, односно да цртаат, сликаат, или на друг начин да се изразуваат, а нивните дела може да се најдат на ѕидовите. Освен како релаксација на вработените, местото служи и како можност за младите локални уметници да отсликуваат делови на ѕидот, и на пошироката јавност да им ги претстават своите работи.fejsbuk-prostorii_7 fejsbuk-prostorii_6 fejsbuk-prostorii_5 fejsbuk-prostorii_4 fejsbuk-prostorii_1

Испрати коментар

Scroll To Top