Итражувачот Нил Стјуарт од Унивезитетот Tенеси и неговите колеги, објавиле труд во списанието Science, според кој модифицираните домашни растенија можат да ја менуваат бојата под UV и LED светлина секогаш кога се изложени на т.н VOC честички. Овие честички вклучуваат штетни хемиски соединенија кои можат да бидат краткорочно или долгорочно штетни за човековото здравје. Научниците соработувале и со архитекти со цел да ги спојат својствата на растенијата со естетиката на објектите. На тој начин дошло до изработка на ѕидови во кои би се одгледувале ваквите растенија.
Не е прв пат научниците да ги користат растенијата како биосензори. Со оваа проблематика с езанимава цела нова научна дисциплина наречена синтетичка биологија.
Но, во ова свое истражување, Стјуарт оди чекор подалеку. Имено, развиен е концепт кој ги спојува синтетичката биологија со естетиката, во кој се користат биосензорски растенија кои се директно посадени во специјално дизајнирани вертикални градини, т.е ѕидови. Таквите „живи ѕидови“ содржат биосензори кои можат да детектираат различни загадувачи како азотни оксиди, радон и др.