Компанијата Manuel Herz Architects го заврши станбениот блок во Цирих, кој го карактеризира динамична фасада која се трансформира во тераси.
Од сите четири страни на трикатниот објект „Ballet Mеcanique“, ѕидовите на двата најниски ката се отвараат со помош на хидраулика за да се формираат шарени тераси и настрешници.
Најголемите подвижни елементи се тераси врамени со преклопни огради, кои се наоѓаат пред дневните соби на секој дом.
Помали панели се расклопуваат и формираат статични тераси за спалните соби или прават сенка како жалузини преку прозорите на другите соби.
„Жалузините функционираат така што создаваат затворени балкони до кои може да се пристапи кога ќе се расклопат“ вели Manuel Herz зa Dezeen.
„Исто така функционираат и како настрешници дозволувајќи создавање на интровертен станбен простор, кога се затворени или „носење“ воздух и „живот“ во становите од околната градина, кога се отворени.
„Кога ќе се излезе на тераса, жалузините можат да ги сокријат луѓето на терасата, создавајќи надворешен простор кој е заштитен и интимен“ продолжува Herz.
„Овој вид простор е помеѓу надворешниот и внатрешниот и на некој начин се создава добра транзиција“.
Сместен во близина на Циришкото езеро, станбениот блок е инспириран од музејот Heidi Weber на Ле Корбизје кој е во близина на само 100 метри и со барањата на сопственикот.
Поместувањето на жалузините го менува изгледот на зградата, од монотон, коцкаст до шарена, интересна форма.
„Кога сите жалузини се затворени, објектот има форма на правилна коцка. Меѓутоа, кога жалузините се отворени, формата станува сложена и изразена“, вели Manuel Herz зa Dezeen.
Секоја подвижна жалузина е обоена со една од 20 нијанси на црвена и сина боја, бои со кои се декорирани и собите од кои се излегува на тераса.
„Внатрешната површина на секоја жалузина обоена е со засенчена боја од внатрешноста на становите“ вели Herz.