Тулата во дел од ентериерите сè повеќе почна да се употребува од страна на дизајнерите.
Еден таков пример е овој апартман во Белорусија од дизајнерот Eugene Varkovich. Тој главниот акцент го става на ѕидот во тула поставен во дневната просторија, а целиот простор дополнително го врамува со дрвени елементи поставени на таванот. Во целиот простор доминираат земјените тонови со исклучок на дел од мебелот и дел од ѕидот во кујната каде што е застапен дизајн од црно-бели плочки.