Холивудската ѕвезда Џулија Робертс го купи ова парче рај на Хаваи во 2011 година, во вредност од 13,4 милиони долари. Имотот наречен The Faye Estate, е изграден во 1946 година и се состои од два бунгалови, кои заедно имаат околу 800 м2 површина. Овој прекрасен имот има седум спални соби, четири бањи и околу 900 м2 простор поделен на помошни згради и базен.
Помалата, еднособната ложа е достапна за изнајмување по цена од 350 долари за еден ден, а поголемата, која има шест спални соби, три бањи и туш на отворено може да се изнајмува по цена од 1.500 долари дневно.
Инаку, овој имот се наоѓа над живописниот Hanalei залив, кој исто така е омилена дестинација на Чак Норис и Марк Цукерберг, кои имаат во сопственост големи имоти во оваа област.