По речиси две години на пазарот за недвижности, њујоршкиот пентхаус на популарниот рок музичар Џон Бон Џови го најде својот нов сопственик.
Целосно опремен, со 800 м2 површина, овој пентхаус во Сохо го најде својот сопственик пред само неколку дена, кој за него даде 34 милиони долари. Познатиот пејач во 2007 година овој пентхаус го платил 24 милиони долари за да во 2013 година го стави на продажба по цена од 42 милиони евра. Неколку пати тој морал да ја спушта цената.
Пентхаусот е на две нивоа, има пет спални соби и пет бањи, две кујни, функционален камин и приватна тераса. Прозорците од подот до таванот овозможуваат уживање во панорамскиот поглед на градот, додека високите тавани го чинат ентериерот посветол, воздушест и отворен.
Овој пентхаус се наоѓа на престижна локација, односно на врвот на зградата New Museum, а неговиот среќен купувач и нов сопственик е австриско-американскиот бизнисмен и инвеститор Жерар Андлингер.