Голем пацифички куп отпад, кој е сместен меѓу Хаваи и Калифорнија, е многу поголем отколку што претходно се сметаше, покажаа снимките направени од воздух.
Џиновскиот куп од отпад во Тихиот Океан покрива околу 4,5 милиони километри квадратни, што е речиси половина од површината на САД, пишува весникот „Гардијан“.
Набљудувањето од воздух го изврши фондацијата „Ocean Cleanup“, финансирана од страна на филантропи од целиот свет и холандската влада, која планира до 2020 година да почне со чистење на големата количина пластичен отпад, што кружи по океаните.
– Вообичаено е прво да согледате со што имате работа, и тоа беше задача пред да почнеме со чистењето. Но, ова што го видовме не го очекувавме. Количината на отпад целосно не изненади. Бизарно е да се види толкава голема количина отпад во она што би требало да биде чист океан, – изјави Бојан Слат, основач на фондацијата.
Центарот на т.н. голем пацифички „тепих“ од отпад е мирен дел на Тихиот Океан, а морските струи кои кружат околу него го носат отпадот. Тоа предизвикува акумулација на отпадот.
Купот акумулиран пластичен отпад, вклучувајќи големи предмети и помали искршени микро пластични предмети, кои може да бидат проголтани од рибите и на тој начин да влезат во ланецот на исхрана.
Според Програма за заштита на животната средина на Обединетите нации, џиновскиот куп отпад расте толку побрзо, што станува видлив од вселената, како и Кинескиот ѕид.