Насловна / Арт и дизајн / Џиновски монтажни скали во Ротердам

Џиновски монтажни скали во Ротердам

Во Ротердам се подигнати гигантски монтажни скали кои се протегаат од централната железничка станица до Groot Handelsgebouw, објект од особено значење во историјата на градот. Автор на овој проект е архитектонското студио MVRDV, и претставува hommage на намерата на градот да се реконструира во очи на Втората светска војна.mvrdv roterdam_1

„Со оваа инсталација и изложба, сакаме да покажеме како би можел да изгледа градот, вклучувајќи низа потенцијални објекти и овозможувајќи пристап кон покривите, создавајќи на тој начин нова, иновативна и погуста топографија на градот“, вели Winy Maas, еден од основачите на MVRDV.mvrdv roterdam_5

Со своите 180 скалила, инсталацијата нуди специфична перспектива и поглед на околината, бидејќи можете да се искачите на височина од дури 29 метри. Од привремената платформа на таа височина се нуди прекрасен поглед на целиот град. Освен тоа, киното на покривот прикажува бројни проекции посветени на развојните проекти на Ротердам.mvrdv roterdam_4mvrdv roterdam_3 mvrdv roterdam_2

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top