Податоците на Светската здравствена организација покажуваат дека квалитетот на воздухот во Њу Делхи е еден од најлошите во светот. Загадувањето на воздухот е петта водечка причина за смрт во Индија. Во обид да се бори против овој тивок убиец, индиската фирма Symbiosis Architects дизајнираше јавен социјален проект, „Aũra“. Тој дава предлози на системи за прочистување на воздухот во овој град. Развиени врз основа на принципите на аеродинамиката, прочистувачите на воздухот „Aũra“се засноваат на заоблен облик и разлики во притисокот на воздухот. Тие земаат загаден воздух и произведуваат ладен, чист воздух.
Њу Делхи станува се позагаден од година во година, што е индицирано со алармантно ниво на PM честичките 2.5. Соодветно на тоа, студиото Symbiosis Architects бараа решение за сите граѓани, т.е. тој чист воздух да може да го уживаат сите, не само оние што можат да си дозволат прочистувачи на воздухот дома.
Проектот „Aũra“ вклучува серија гигантски кули за прочистување на воздухот на чии врвови има саксии со наводнување капка по капка. Планот е секоја кула да има две главни комори: едната да ја зголеми релативната брзина на воздухот и другата да го прочисти загадениот воздух пред да го дува со голема брзина и при пониски температури да создаде разлика во притисокот што потоа турка назад топол, загаден воздух кон кулата. Архитектите проценуваат дека кулата „Aũra“ висока 18 метри дневно може да прочисти 32 милиони кубни метри воздух. Капацитетот за чистење треба да биде 1,3 милиони кубни метри воздух на час.
Кулите „Aũra“ го претставуваат само првиот дел од предлогот. Планот за имплементација ќе почне со инсталирање на кули од 60 метри во ринг по должината на периметарот на градот за да се запре протокот на загаден воздух од околината. Помалите кули, во висина од 18 метри на растојание од еден квадратен километар, ќе бидат подигнати на избраните места за да се обезбеди чист воздух во градот.
Покрај овие кули, системот за прочистување на воздухот би содржел и „Aũra velocity” направи што можат да се прицврстат на врвовите на автомобилите, како и мрежа на дронови „Aũra Falcon“ за навигација низ градот и следење на нивото на загадување на воздухот. Целиот систем би се викал „Aũra Hive“ затоа што би личело на кошница.