Насловна / Архитектура / Џенова во ново руво

Џенова во ново руво

Победничкото решение за урбаниот дел под новиот мост на чие место се наоѓаше мостот Моранди, „Parco del Ponte” во Џенова, го изработеиле Stefano Boeri Architetti, Metrogramma Milano и Inside Outside.

1
„The Polcevera Park and The Red Circle” претставува систем на паркови со цел да се измени трагичната перцепција на долината Polcevera. Концептот е заснован на различни идеи, поврзаноста на екологијата и инфраструктурата преку одржлива мобилност и паметни објекти.

2

Црвен челилен круг ќе ги поврзува двете страни на долината и во негови рамки предвидено е шеталиште, подигнат плоштад, пристапна и излезна рампа, како и коридор помеѓу згради или подземна патека. Јавниот простор ќе биде во функција на пешачко-велосипедка патека во должина од 1570 метри. Проектот генерира и обновлива енергија, предвиден е и „Wind Tower”.

3
Stefano Boeri појасни дека „Црвениот круг“, кој симболизира силна локална традиција поврзана со високи печки, кранови и надземни дизалици, поминува долж локации на кои се случи трагедијата на 14. август 2018. година кога се сруши мостот Моранди. Тој ги спојува одвоените делови со пешачко-велосипедка патека и дистрибуира обновлива енергија што ја генерираат соларни колектори – топлински и фотонапонски, сместени на крововите на зградата „Wind Tower“ и пиезоелектични подови (кои симболично придонесуваат на енергетската рамнотежа), кои користат енергија содадена од сообраќајот кој се одвива преку новиот мост и „Кругот“.

4
Овој проект на возобновување, покрај тоа што е архитектонско – урбанистички, пред се акцент става на придонесот за заедницата. Целта била да се креира проект кој би бил „химна на животот“ и кој би го обновил кохезивниот урбан систем, кој би станал општествено активен и иновативен на начин на кој ќе го оживее не само подрачјето, туку и околината, вели Andrea Boschetti, еден од партнерите основачи на фирмата Metrogramma од Милано.

5
Во паркот покрај различните видови растенија и дрвја типични за Медитеранот, ќе се најде и уметничка инсталација налик на шума со име „Genova in the wood“, авторство на Luca Vitone. Во рамки на инсталацијата ќе има 43 стебла и ќе бидат посветени на жртвите на трагедијата.
Како што вели Stefano Boeri, Џенова е град на челик и море, обликуван од ветерот и трагедијата, но секогаш способен да стои високо. „The Red Circle”, „Wind Tower”, „The World Buildings” и „Polcevera Park” со разновидна флора во иднина ќе ја карактеризираат Џенова и ќе бидат нејзини орјентири.

6

Испрати коментар

Scroll To Top