Насловна / Вести / Џеф Безос лета во вселената (видео)

Џеф Безос лета во вселената (видео)

Џеф Безос ќе лета во вселената со првиот лет на „Њу Шепард“, ракета која е направена од неговата компанија „Блу ориџин“. Летот е закажан за 20. јули, 15 дена откако тој треба да се повлече од функцијата извршен директор на „Амазон“.

Од компанијата е соопштено дека на летот ќе биде и помладиот брат на Безос, Марк.

xef_resize

„Уште од својата петта година сонував да патувам во вселената, на 20. јули ќе тргнам на тоа патување со мојот брат. Најголемата авантура, со мојот најдобар пријател “, наведе Безос на Инстаграм.

Ако сè се одвива според планот, Безос, кој е најбогатиот човек на светот, ќе биде првиот од вселенските милијардери кој ќе искуси возење со ракетна технологија во која инвестирал милиони, пренесува Си-Ен-Ен.

Дури ни Илон Маск, чиј „Спејс Икс“ прави ракетите доволно моќни за да влезат во орбитата околу Земјата, не најави планови за патување во вселената со летало на една од своите компании.

Ниту британскиот милијардер Ричард Бренсон, чија сопствена вселенска компанија „Вирџин Галактик“ планира летови до суборбиталната вселена за ултрабогатите кои трагаат по возбуда и директно се натпреварува со компанијата „Блу ориџин“.

xef1_resize

Испрати коментар

Scroll To Top