Британски стартап направи џебен дрон наречен ЕрСелфи (AirSelfie), што може да се носи и во џеб. Кога корисникот сака да сними фотографии или селфи видео, ЕрСелфи го управува со виртуелен џојстик. Дронот тежи 52 грама и може да лета на висина до 20 метри, во траење од три минути.
Дронот е опремен со камера од 5 мегапиксели, која снима ХД видео, а со него доаѓа и картичка од 4 гигабајта. По снимањето на фотографија или видео, дронот слетува во рацете на корисникот, а снимената содржина преку ВиФи се пренесува на телефонот.
Првично, дронот ќе чини нешто помалку од 200 евра, а на пазарот би требало да се најде во март 2017-та.