Сместена помеѓу централниот парк Ziqidonglai и периферниот раб на новата населба на Jiading во Шангај, Кина, книжарницата From East има многу европски израз. Архитектонското студио Scenic Architecture замислиле вовлекување со необични архитектонски елементи кои се вклопуваат и го креираат карактерот на проектот. Чувството на интимност е спроведено преку два мали дворови кои се интегрирани во планот, и кои се главен фактор за поништување на границата на затворениот и отворениот простор. Тука посетителите имаа посебен третман со тоа што во различни делови во дворот има секвнеци во повеќе нивоa, така што со нивно спојување и разделување се создаваат патеки и едноставни ѕидни отвори.