Насловна / Архитектура / Дворецот Версај станува хотел?

Дворецот Версај станува хотел?

versaj  (2)

Замислете утро со чаша топло кафе и вкусен кроасан и поглед на еден од најубавите барокни пејсажи на Франција, но и во целиот свет. Хотелскиот оператор Accorhotels може да направи овој сон во реалност.

Сепак, треба да се напомене дека администрацијата на дворецот Версај објави тендер за отворање на хотелот во три вили кои припаѓаат на 17-от век од сосема „неромантични“ причини, односно од нужност.

Имено, бидејќи француската влада ги намалила инвестициите во областа на заштитата на културното наследство, администрацијата на Версај била принудена да побара нови извори на приход.versaj  (3)

Победникот на натпреварот, кој ќе биде објавен на 14 септември, ќе добие правата за управување на хотелот во наредните 60 години, како и реконструкција на зградата која ќе чини меѓу четири и седум милиони евра колку што инвеститорот треба да вложи во проектот.

Во моментов за проектот интерес покажува еден од најголемите хотелски оператори во Европа, Accorhotels, а веќе го осмислиле и името на нов хотел – Hotel de l’Orangerie.

versaj  (4)

Да се ​​потсетиме, претворањето на дел од Версај во хотелско сместување не е прв случај на пренамена на некој споменик на културата во туристички цели.

Така, гостите со подлабок џеб може да изнајмат неколку згради на просторот на ренесансниот замок Chambord во долината на реката Лоара, и по цена од 1500 – 1800 евра неделно.

versaj

Испрати коментар

Scroll To Top