Насловна / Вести / Дворецот на Дракула се продава за 11,5 милиони евра

Дворецот на Дракула се продава за 11,5 милиони евра

Dvorec Drakula

Дворецот Бран во Романија е дел од легендата која вели дека тука е домот на најпознатиот вампир на светот, грофот Дракула. Длабоко во руралниот дел на Романија овој дворец е изграден уште во 12 век, и претставувал инспирација за писателот Брам Стокер за пишување на хорор романот во 1897 година под името „Дракула“.

Dvorec  Drakula1

Но, дворецот не бил единствена инспирација за романот, туку своја заслуга за тоа има и крвожедниот принц Влад Цепеш.

Dvorec Drakula2

Што се однесува до самиот дворец, се работи за градба која го одзема здивот.

Dvorec Drakula3

Сопственост е на романското кралско семејство, кое го претворила во музеј, кој е воедно и најголемата туристичка атракција во земјата. Но, сега сопствениците го нудат на продажба за цена од 11,5 милиони евра, иако претходно барале дури 59,3 милиони евра.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top