Опкружен со мочуришта, во областа на Ваденското Море на северот на Данска, која е под заштита на УНЕСКО, подигнат е видиковец наречен Marsk, висок 25 метри, што овозможува одличен поглед на националниот парк и Северното Море. Челичната кула има многу специфичен изглед не само поради нејзината двојна спирала, туку и затоа што изгледа како да е само една бесконечна серија скалила.
Реномираната архитектонска фирма BIG, предводена од Бјарке Ингелс, ја има проектирано структурата да има двојна спирална формација слична на онаа што се гледа на ДНК, и сето тоа со 146 чекори на патот до врвот и 131 чекори на спуштање.
“Кулата Marsk се состои од уникатна конструкција, каде што дизајнот се базира на спирална структура инспирирана од природата и синџирот на човечка ДНК. Ова е и скулптура и место за набудување и е обликувано како двојна спирала, така што има само еден пат горе, а друг надолу“, велат од Marsk за Dezeen.
Преку својата форма, кулата постепено се шири од основата кон врвот, така што ширината во основата е седум метри, а на самиот врв се проширува на 12 метри.
Структурата е изградена од локалната компанија Шак Трапер, а користени се 300 тони челик кортен, додека за основата се користени 250 тони бетон.
Во централниот дел на конструкцијата е поставен мал лифт со цел да се обезбеди полесен пат до врвот доколку е потребно.
“Кога ќе ги преминете тие 146 скалила до врвот, ќе се најдете на надморска височина од 25 метри. Ова всушност обезбедува потполно уникатна перспектива во оваа рамнина и поглед на националниот парк Ваденско Море “, заклучуваат од Marsk.