Насловна / Архитектура / Двоен станбен објект во Белград – Поетиката на едноставноста како неминливост

Двоен станбен објект во Белград – Поетиката на едноставноста како неминливост

Како и за повеќето нешта и за архитектурата може да се каже дека мора да почитува одредени правила. Објектите коишто ги гледаме околу себе честопати се компромис меѓу архитектите и инвеститорите. Покрај средствата што се потребни за нешто што е архитектонски проект да стане архитектонски објект, неопходно е да постои разбирање за значењето што објектот ќе го има за начинот на живот на своите корисници, како и за значењето колку тоа што нè опкружува влијае на целокупното општество. _MG_2004

Објектите имаат поголемо влијание од она што изгледа на прв поглед, па задачата што ја имаат архитектите на овие простори честопати е потешка од таа на архитектите во општества каде што постои поизразена свест за значењето на архитектурата. Пред сè архитектот мора да биде доволно упорен за да не се задоволи само со исполнување на дадената програма за одреден објект, туку да тежнее кон тоа самиот објект да носи одредена вредност. За тоа дека е така  можеме да се увериме шетајќи низ улиците на нашите градови. _MG_3585-HDR(3)

_MG_3715-HDR(3)

Секаде па и на овие простори можат да се најдат примери дека можат да се направат добри архитектонски објекти. Ако општеството повеќе ја цени архитектурата сигурно би имало повеќе добри објекти, па и критериумите би биле повисоко поставени какви што се во некои архитектонски посреќни средини. Со години веќе архитектонското Биро Виа водено од Горан Војводиќ и Јелена Ивановиќ-Војводиќ проектираат и реализираат објекти од кои не би се срамеле ни архитектонски богатите средини._MG_0326-HDR(3)

Летото 2013 година архитектот Горан Војводиќ даде интервју за Порта 3 (број 213) каде што го изнесе своето мислење за актуелните архитектонски теми, своите гледишта за архитектурата и ги претстави најзначајните објекти. Тоа беше период помеѓу проектирањето и почеток на реализацијата на објектот кој носи наслов „Двоен станбен објект“. Објектот е реализиран во 2016 година, и на традиционалната и најважната манифестација „Салону архитектуре“ доби признание за ентериер.  Автори на објектот од 1000 м2 се арх. Горан Војводиќ и арх. Милена Катиќ._MG_0296-HDR(3)
Двојниот станбен објект во основата има форма на латиничната буква Л, додека во внатрешноста е поделен на две независни станбени единици со посебни влезови. Во подрумот се наоѓа заеднички простор во вид на гаража со по две паркинг-места, влез во посебни простории каде што се наоѓа остава и сервисни простории. Од подрумот може да се дојде директно до приземјето на станбениот објект којшто е организиран на начин да ги задоволи сите потреби на дневната зона, а тоа е пред сè простор за дневен престој, кујна и трпезарија, влез, тоалет и излез на трем пред самиот објект. Дневниот престој се карактеризира и со двовисински  волумен којшто на просторот му дава додатна  вредност. На катот се наоѓаат родителските соби коишто имаат гардеробер и купатило, како и детските и гостинските соби и отворен простор наменет за библиотека. На повлечениот кат се наоѓаат тераси од секој стан. Терасите се добро вклопени во волуменот на објектот на начин што не ја нарушува неговата форма. _MG_0353-HDR(3)

Изгледот на објектот е едноставен и монолитен, пред сè благодарејќи на правилната форма на кубусот којшто има чисто геометриски облик каде што доминира интересна натстрешница во висина на првиот кат којашто му дава карактер на објектот. Истовремено изгледот на објектот се карактеризира со контраст на бели ѕидови и темни големи високорефлектирачки стаклени површини, така што во зависност од аголот, временските прилики и годишните времиња, околната вегетација и небото стануваат дел од фасадата. Изгледот на објектот е таков што тој би можел да се вклопи во богатите станбени делови во многу побогати градови од Белград.  Тоа не претставува недостаток на гледање на контекстот во кој се наоѓа објектот, туку квалитет дека објектот не носи одредени дефекти што честопати се забележливи на ова архитектонско поднебје._MG_8555-HDR(3)NF

_MG_8630-HDR(3)

_MG_8839-HDR(3)

Ентериерот којшто е награден на „Салону архитектуре“ може да се окарактеризира  како „чист“ и транспарентен. Тоа се епитети што го карактеризираат. Чистиот израз  го сочинуваат  доминантно белата боја на ѕидовите, плафонот и скалите, дрвото на подот и на оградата на скалите, којашто ги поврзува приземјето и првиот кат, и со додаток на темните прозорски рамки го прават изразот на ентериерот едноставен што всушност претставува негов квалитет. Висока транспарентност е постигната со употреба на стаклени парапети и огради, како и со големи стаклени површини на фасадата коишто овозможуваат комуникација со околината и продор на дневна светлина. _MG_8542-3-HDR(3)

Со употреба на стаклата за парапети и огради практично не постои визуелна бариера во отворените делови што го прави просторот светол и поголем._MG_0311-HDR(3)a

Двојниот станбен објект претставува одличен пример за тоа како е можно да се изгради современ објект што има квалитетен архитектонски израз, да се почитуваат правилата и барањата што постојат во нашето општество, барањата на идните корисници, околината во којашто се наоѓа објектот, но пред сè да се почитува архитектурата како струка.

X:IZLOZBE _ PREDAVANJA_materijali za objavuHOUSING 17 - krajis

X:IZLOZBE _ PREDAVANJA_materijali za objavuHOUSING 17 - krajis X:IZLOZBE _ PREDAVANJA_materijali za objavuHOUSING 17 - krajis

Фото: Реља Иваниќ

Испрати коментар

Scroll To Top