Официјалните претставници на 28-те држави членки на ЕУ, на самитот за енергијата и климата ќе се обидат да постигнат договор за климатската и енергетската политика на Унијата. За енергетско-климатскиот пакет сè уште има спротивставени ставови меѓу државите членки. Европската Унија сака да зацрта амбициозни цели за намалувањето на емисијата на стакленички гасови, како и за уделот на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност. Комисијата предлага до 2030 година уделот на обновливите извори да се зголеми до најмалку 27%.
Посебен куриозитет кој го следи овој настан е фактот што се работи за проштален самит за претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј, и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо. По цели 10 години, мандатот на Баросо му завршува на 1 ноември, додека Ван Ромпуј ќе замине од функцијата еден месец подоцна.