Американската организација USGBC Education Partner™, организира ширум Европа LEED (Leadership in Energy & Environmental Design) курсеви за професионалци кои се интерсираат за Зелена градба. Курсевите од оваа област, односно новите напредни верзии на LEEDv4, ќе се одржат во зградата на Советот на Општина Котор на 17 и 18 септември. Овој курс има за цел да ги покаже клучните елементи, главните барања и аспекти на LEED системот. Учесниците на курсот ќе стекнат темелно разбирање на основните концепти и стратегии за успешно раководење на гредежниот проект по стандардите на еколошка градба.