Насловна / Вести / Движењето за чист воздух во среда најавува блокада пред Цементарница Скопје

Движењето за чист воздух во среда најавува блокада пред Цементарница Скопје

Во среда, 5 феваруари во 12.05 часот пред Цементарница Скопје, Движењето за чист воздух најавува блокада против големите загадувачи.

4H5A8631_resize

Тие во повикот велат: „Времето не’ гази, а воздухот и понатаму ги зема здивот и животот на нашите деца. Немаме време за чекање. Заеднички да го покажеме нашиот револт поради загрозувањето на нашето здравје.Доста е! Се здруживме и одлучивме да кажеме НЕ. Министерството за животна средина од 2016. година ги чува во фиока, усвојувањето на ЕУ директивите, IED и WI, директиви кои се однесуваат на повеќе индустриски гранки“.

4H5A8639_resize

И додаваат: „Бидејќи автоматски мониторинг не се прави, туку се користи како манипулација, ние од иницијативата Движење за чист воздух се решивме на отпор против најголемите загадувачи, трујачи на животната околина.Со протест покажуваме само собир на истомисленици, со блокада на Цементарницата покажуваме отпор спрема политиката на молк и бизнис на штета на нашето здравје“.

4H5A8688_resize

4H5A8720_resize

Испрати коментар

Scroll To Top