Министерството за економија добило само две понуди на јавниот повик за избор на идејно решение за изгледот на излозите и рекламите во Стара чаршија, пишува дневниот весник Дневник.
Oд овие две решенија, за кои е доделена втора и трета награда, ќе се направи комбинација за тоа како ќе изгледаат излозите, а трошоците за уредувањето ќе ги покријат Министерството за економија и Општината Чаир. Според некои медиуми, трошоците се во висина од 100 до 1.000 евра.
Втората награда ја добила фирмата „Фајнарт мултимедија“ која има идејно решение за излог за златарница, а третата е за фирмата „БИМС компани“.
До крајот на наредната недела ќе биде подготвен јавниот повик за изработка на основен проект за излозите, врз основа на второто и третото наградено идејно решение.
Идејата за унифициран изглед на дуќаните во Стара чаршија не наиде на позитивни критики меѓу експертите и дуќанџиите, кои главно беа против нарушувањето на автентичноста и духот на Чаршијата.