На почетокот на овогодшното издание на Неделата на одржлива енергетика во ЕУ – EUSEW, доделени се Европските награди за одржлива енергија, овој пат преку јавно гласање. Две од четирите награди се доделени во југоисточна Европа. Европската комисија така дала признание на храбрите промени во областа на енергетиката и работата на постигнувањето на климатските цели.
Наградите EUSEW з аиновации, локално делување во областа на енергетиката, за жена во енергетиката и прионерски достигнувања на младите, врачени се во Брисел на лидерите во овие категории. Локалната енергетска заедница Minoan Energy Community доби признание за локална енергетска акција. Оваа организација основала енергетска заедница на Крит во Грција. Во соработка со регионалните власти, оваа енергетска заедница планира да ги покрие потребите на речиси 100 домаќинства со ниски примања. Timea Farkas, од Романија е добитничка нa Наградата за пионерски достигнувања на младите, поради нејзината работа во приближувањето на енергетската ефикасност за малите и средни претпријатија.