Насловна / Вести / Две нови ТИРЗ – во Виница и Берово

Две нови ТИРЗ – во Виница и Берово

vinica
Владата донесе одлуки со кои се предвидува основање на две нови технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) во источна Македонија, од кои едната ќе биде лоцирана во близина на Виница, а другата кај Берово.

Зоната во Виница, како што најави денеска владиниот протпарол Александар Ѓорѓиев, ќе биде лоцирана во месноста викана Поповец на 4 до 5 километри од градот и ќе се протега на површина од 20 хектари. ТИРЗ Берово, пак, ќе биде на регионалниот пат Берово-Дабиле на јужниот излез од градот и ќе зафака површина од околу 17 хектари.

Berovo02
– Се очекува во текот на август да бидат распишани постапки (два посебни тендера) за изнаоѓање на економски оператор, односно компанија која ќе биде задолжена да ги изгради зоните во Виница и Берово, рече портпаролот Ѓорѓиев на денешната прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека во септември се очекува да почнат градежните активности во зоните, а најкасно до крајот на годинава да заврши првата фаза од изградбата на ТИРЗ Виница и ТИРЗ Берово и да се создадат услови да можат да се привлекуваат странски компании во рамки на зоните.

Во текот на наредниот месец, нагласи, се очекува да почнат градежните активности за изградба на ТИРЗ Струга на површина од 30 хектари и ТИРЗ Радовиш со околу 10 хектари, на која, како што рече, ќе биде поставен камен-темелник во текот на следните неколку дена. Во текот на минатата недела е распишан и тендер за избор на компанија која ќе ги изврши градежните активности за изградба на ТИРЗ Ранковце која се протега на 40 хектари.

 

Испрати коментар

Scroll To Top