Насловна / Вести / Две милијарди нови станови во наредните 80 години

Две милијарди нови станови во наредните 80 години

Како што расте светската популација, така расте и побарувачката за станбена изградба. Проекциите на ОН велат дека до 2100 година околу 11,2 милијарди луѓе ќе живеат на планетата, така што се поставува прашањето каде ќе живеат овие луѓе. Бидејќи ова значи дека ширум светот ќе ни требаат две милијарди нови домови. Поради тоа еден од најголемите приоритети треба да биде како и на кој начин да се обезбеди простор за живеење за толку многу луѓе.

стан1
Исто така, дополнителен фактор, на кој често се заборава е миграцијата на населението, која може да се случи како последица на војни или природни катастрофи. Тоа може да ги разниша моменталните претпоставки и во иднина да предизвика неочекувана понуда и побарувачка, пишува Conversation.

стан2
Факт е дека се повеќе ќе се гради, но во врска со ова, се поставува прашањето за достапноста на материјалите за толку голема побарувачка. Исто така, локациите за градење можат да претставуваат проблем, поради миграцијата, бегалците и раселените.
Новите системи на градење веќе ја окупираат градежната индустрија. Монтажните системи и производство на елементите вон градилиштата се тржишта кои рапидно растат со текот на годините, забрзувајќи го целокупниот процес. Сепак, ова е далеку од едноставно и сигурно решение. Работите што ја забавуваат брзината на изградба на монтажни згради вклучуваат подолг период на подготовка потребен за конструкциите и темелењето и недостаток на добро обучени работници на градилиштата кои можат да „испорачаат“ сложени проекти.

стан
Прашањето за достапноста на материјали за исполнување на барањата за изградба на нови домови ја нагласува потребата државите да ги искористат што поефикасно. Политиките и стратегиите на државите треба да бидат позиционирани на одржлива градба за да се зголеми повторната употреба на материјалите, намалување на емисиите на јаглерод и правилно управување со ресурсите. Гоелама е веројатноста во следните 30 години, државите кои се обидуваат да промовираат и спроведуваат проекти за домување да избегнат проблеми поврзани со набавка на материјали и зголемувања на цените. За многу земји, домувањето сега е жешка тема за која се дискутира на државно ниво.

Испрати коментар

Scroll To Top