Насловна / Архитектура / Две куќи и две дрвја на парцела од 70 квадратни метри

Две куќи и две дрвја на парцела од 70 квадратни метри

Во густо населената станбена област Ципулир, во Јужна Џакарта, до која се пристапува само пеш или со велосипед, архитектонската фирма Delution реализирала интересен проект со многу скромен буџет.

objekt

Имено, The Twins се состојат од две различни станбени единици лоцирани на парцела од само 70 квадратни метри. Првата единица се состои од две спални соби и заедничка просторија, додека втората единица има само една спална соба со бања и дневна соба. Вкупната површина на станбената зграда е 85 квадратни метри.

objekt1

Иако овие два објекта изгледаат одделни на прв поглед, тие се поврзани со стаклена врата која секогаш може да се отвори за да се создаде поголем повеќенаменски простор, пишува Designboom.

objekt2

Сепак, овој проект е секако интересен во однос на начинот на примена на зеленилото. Едно од основните барања на клиентите било интеграција на вегетацијата во проектот, која ќе биде лесна за одржување. Како одговор на ова барање, архитектите засадиле дрвја во аголот на двете станбени единици и им овозможиле да растат непречено во висина со тоа што направиле сечење на објектите на врвот.

objekt3

Оваа интеграција на растенијата во рамките на куќата има бројни придобивки за корисниците, бидејќи го филтрира воздухот и обезбедува зголемени нивоа на кислород во загушлива урбана средина.

objekt4

Оваа интеграција на зеленилото, секако, имало значително влијание врз самата внатрешност, па затоа се добил простор со ниши од кои растат и излегуваат две дрвја над покривот. Климатските услови го дозволуваат овој начин на пробивање на надворешноста и внатрешноста, така што фактот дека дождот влегува во просторот практично не претставува голем проблем. Комуникацијата меѓу катовите се постигнува со спирално скалило. Преодот меѓу двете згради е направен од стаклен портал.

objekt5

objekt6

objekt7

Испрати коментар

Scroll To Top