Насловна / Вести / Две изложби на облека и рачно изработени текстилни предмети во Музејот на Робевци во Охрид

Две изложби на облека и рачно изработени текстилни предмети во Музејот на Робевци во Охрид

robevci

Вредни музејски експонати од богатата ризница на охридскиот Завод и Музеј ќе бидат поставени во Музејот на Робевци во Охрид во рамки на две тематски изложби.
Станува збор за изложба на традиционална класна облека што се носела на овие простори низ вековите, како и за најразлични текстилни експонати од рачна изработка. Во првата изложба ќе бидат претставени клашеници и елеци, а втората изложба ќе содржи предмети од рачна изработка како што се пердиња, миленца, перници и друго.
Според Завод и Музеј – Охрид, рачната изработка е во изумирање и таа традиција продолжува да живее само преку музејските поставки и изложби.
Двете изложби се поставки на етнологот Марија Каневче, а отворањето е предвидено за 28 овој месец.

Испрати коментар

Scroll To Top