Две познати дела од Енди Ворхол беа продадени на аукција во „Кристис“ за астрономски цени.
Станува збор за делото Triple Elvis (Ferus Type), кое ја достигна цената од 81,9 милиони долари, и за Four Marlons од 1966 година кое беше продадено за 69,6 милиони долари.
На наддавањето биле понудени околу 80 дела од современи уметници, а вкупната заработувачка изнесувала 856 милиони долари, што претставува една од најголемите аукции во историјата на аукциската куќа „Кристис“.