Асоцијација на архитекти на Македонија – ААМ ги известува своите членови дека пристигнале две пријави во зададениот рок за кандидати за Претседател на УО на Асоцијација на архитекти на Македонија. Пристигнати се пријави од архитектите Ангел Ситновски и Валентино Константиновски.
Ангел Ситновски
Кандитатурите се доставени со CV на кандидатите, мотивациско писмо, предлог програми за работата на ААМ за период од 2024 до 2027 година и предлози за членови на УО. Истите се испратени на разгледување на членовите на ААМ.
Валентино Константиновски со предлог членовите за УО
Датумот на одржување на онлајн изборите ќе биде на 1. или 2. јули, зависно од достапноста на системот за гласање, за што накнадно ќе се објави информирација.
Оние кои платиле членарини до среда, 26, јуни 2024 година ќе можат да учествуваат во гласањето, бидејќи конечниот список ќе треба да се внесе во системот за гласање.