Насловна / Арт и дизајн / Дваесет пронајдоци кои го сменија светот

Дваесет пронајдоци кои го сменија светот

Од примитивните алатки пред илјадници години, па до модерните достигнувања на дигиталната ера, бројни иновации сериозно го менувале текот на историјата и го преобликувале животот на човекот. Во продолжение Ви ги претставуваме 20. најзначајни пронајдоци во историјата на човештвото, според сајтот „Interesting engineering“.

Тркало

Според архелошките истражувања, најстарото пронајдено тркало е од 3500 година пр.н.е. од Месопотамија. Токму усовршувањето на дизајнот на тркалото создава услови за развој и на индустриската револуција многу векови подоцна.

izpbfr6

Автомобил

Иако Карл Бенц стои зад изумот на модерниот автомобил во 1886 година, најзаслужен за производството на автомобили е Хенри Форд, кој во почетокот на 20 век го открива сериското производство кое подоцна станува општоприфатен стандард. Останатото е историја.

avtomobil

Рачни алати

Првите примитивни рачни алати датираат од пред 2,6 милиони години во Етиопија. Со развојот на машините во последните векови рачните алати се усовршени до перфекција. Сепак, во основа многу работи во суштина се исти.

racni-alati

Електрична светилка

Идејата за светилката датира од пред повеќе од 150 години. Едисон и Сван ја патентираат првата светилка во 1879 и 1880 година. Во средината на 80-тите години од минатиот век се појавува првата верзија на штедлива светилка CFL. Но, релативно брзо се воочуваат и првите негативни карактеристики на овие светилки. Денес, LED осветлувањето  нуди најдобри можности во поглед на енергетската ефикасност.

elektricni-svetilki

Телеграф и Морзеова азбука

Телеграфот е отктиен во периодот помеѓу 1830 и 1840 година од страна на Samuel Morse, со цел пренесување пораки односно комуникација на далечина преку посебен систем од знаци (точки и цртички) кои ја сочинуваат Морзеовата азбука.

telegraf

Компас

Направата без која не може да се замисли навигацијата е измислена во 1050 година пр.н.е. од страна на Кинезите. Но, со откривањето на електромагнетот во 1825 година започнува ерата на модерните компаси.

compass-map

Авион

Браќата Рајт во 1903 година го измислиле првиот авион и ги поставиле основите на аеронаутичкото инженерство. Иако денес оваа индустрија има исклучително брз развој, основите се исти како во првиот концепт на браќата Рајт.

avion

Парна машина

Во 1781 година Џејмс Ват го патентира овој пронајдок и го овозможува веројатно најголемиот прогрес во индустриската револуција.

parna-masina

Печатарска преса

Пронајдена во 1440 година во Мајнц, Германија, од страна на Гутенберг, оваа преса овозможува за првпат создавање копии од документи и книги без макотрпното и бавно  препишување кое било дотогаш единствениот начин. До 1600 година багодарение на овој пронајдок испечатени се 200 милиони книги.

pecatarska-presa

Банкноти

Во Европа се воведени во 13 век, наместо дотогашната размена со скапоцени метали и ковани метални пари. Се смета дека банкнотите за првпат се воведени во Кина во 118 година пр.н.е., за време на Династијата Хан. Секако, банкнотите ја менуваат глобалната економија и претставуваат витален чекор кон новиот монетарен систем.

banknota

Челик

Додека во старите времиња се користеле железо, бронза и сл., челикот овозможува забрзување на индустриската револуција. Првото производство на челик датира од пред 4000 година, а со откривањето на Бесемеровиот процес започнува модерното производство на челик. Денес без челикот не може да се замисли ниту една индустриска гранка.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Транзистор

Првиот практичен модел е измислен во 1947 година, а тројцата научници зад овој пронајдок се наградени со Нобелова награда за физика во 1956 година. Транзисторот станува фундаментална компонента во електронските апарати.

tranzistori-i-lampi

Антибиотици

Антибиотиците спасиле милиони животи кои дотогаш умирале од последиците од опасните бактерии. Иако Кох и Патер уште во 1877 година го истражувале и го објасниле овој феномен на антибиотска терапија, дури во 1928 г. Александар Флеминг го открил пеницилинот, кој станува широкораспространет во текот на целиот дваесетти век.

antibiotic

Компјутер

Машинскиот инженер Charles Babbage се смета за татко на првиот механички компјутер уште во 19 век. Но, тој не е единствениот кому му се припишуваат заслугите за ова откритие. Неговиот првичен концепт е доработен од страна на Алан Туринг во еден негов труд во 1936 година.

kompjuter

Фрижидер

James Harrison ја направил првата машина за ладење користејќи ситем испарување – компресија. Сепак, првиот фрижидер кој сериски се произведувал бил оној од 1927 г. од General Electric под името Monitor-Top.

frizider

Фотоапарат

Првиот фотоапарат со дрвено гломазно куќиште е откриен во 1826 година, а од 1975 г. започнува ерата на дигиталните фотоапарати. Новата револуција стигнува со нивното интегрирање со мобилните телефони.

fotoaparat

Електронска пошта

Првите позначајни почетоци на имејл ерата се забележани во 60-тите години од минатиот век, за потоа да ја добие формата каква што ја познаваме денес, односно доставување на пошта преку еден клик.

Ray Tomlinson

Интернет

Интернетот започнува да се развива уште од 50-тите години на минатиот век во САД, паралелно со развојот на компјутерската технологија. Веќе до средината на деведесеттите, постигнува неверојатно глобално влијание во сите сфери. Во 1991 година, Tim Berners-Lee го воведува www ( World Wide Web).

internet

Кредитни картички

Идејата за кредитните картички датира од 1950 година од Ралф Шнајдер и Френк МекНамара, основачите на Дајнерс Клаб. За кратко време оваа идеја станува стандард.

kreditni-karticki

Телефон и мобилен телефон

Од изумот на телефонот во 1876 година од страна на Александар Бел, поминале речиси 100 години, до 1973 г. кога двајца инженери на „Моторола“ го претставиле првиот мобилен телефон. Со развојот на потребната инфраструктура од 80-тите години, комуникацијата нема веќе лимит.

telefon-i-mobilen

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top