Насловна / Арт и дизајн / Два нови звучника Bang & Olufsen кои ги поместуваат границите на звукот и дизајнот

Два нови звучника Bang & Olufsen кои ги поместуваат границите на звукот и дизајнот

Bang & Olufsen со задоволство ја претставува новата генерација на Beosound A9 и Beosound 2.

Покрај тоа што се достапни во нови бои Black Anthracite, Gold Tone и Natural, овие два звучника сега се приклучуваат на палетата производи на Bang & Olufsen кои се дизајнирани за иднината и работат на прочуената „Mozart“ софтверска платформа.

1

„Денес го славиме фактот дека ја осигуравме иднината за два модела кои спаѓаат во нашите најпопуларни производи“, вели потпретседателот за маркетинг на производи на Bang & Olufsen, Мајкл Хенриксон. „Покрај нашата посветеност да создаваме квалитетни производи кои траат, сакаме да понудиме безвременски дизајн кој со децении ќе ги фасцинира луѓето и ќе прави горди сопственици“.

6

Срцето на Bang & Olufsen „Mozart“ платформата е заменлив модул кој има доволно процесорска моќ да ги поддржи надградбите на софтверот и новите функции во годините што доаѓаат. Доколку начинот на поврзување и технологијата за стриминг во меѓувреме станат застарени, модулот може да биде заменет со најнова верзија со што се осигурува врвно аудио искуство во наредните децении.

Beosound A9 петта генерација

5

Beosound A9 е еден вид симбол на безвременскиот дизајн на современите производи на Bang & Olufsen. Првично лансиран во 2012 година, познатиот дизајн со кружна форма, чиј творец е Oivind Slaatto, и понатаму е вистинска авангарда. Beosound A9 го исполнува просторот со богат и моќен звук, а во исто време се вклопува во сите стилови на ентериер. Петтата генерација ги задржува оригиналните карактеристики што го направија производот успешен уште пред десет години и им додава значителни унапредувања. Во понуда е нова палета на бои: Black Anthracite, Gold Tone и Natural Aluminum.

4

 

Позадината одлично се вклопува со предниот дел на звучникот, па заедно со ногарки од даб и алуминиумските елементи се добива најдоброто естетско искуство досега. Покрај стандардните маски, Beosound A9 може да се приспособи за да одговара дури и со најеклектичниот ентериер, а и е исто толку интригантен од естетска перспектива, колку што е лесен за употреба. Може да се контролира јачината на звукот со лизгање на раката преку површината на уредот, а со едноставен допир на A9 може да се пушти и паузира слушање или да се прескокне нумера. Со „Mozart“ софтверскиот модул, петтата генерација на Beosound A9 е целосно подготвена за иднината, со подобри опции за поврзување, компатибилност и нови функции што ќе бидат имплементирани во наредните години.

Beosound 2 трета генерација

3

Постојан член на Bang & Olufsen портфолиото, Beosound 2 е моќен звучник кој спојува единствена естетика од висок калибар со неповторлив звук. Лансиран во 2016 година и сега во трета верзија, Beosound 2 е усовршен за да ги задоволи новите стандарди за звук на Bang & Olufsen, притоа задржувајќи го својот култен дизајн. Изработен од висококвалитетен алуминиум, материјал кој стана синоним за Bang & Olufsen, лесно препознатливиот конусен облик на звучникот Beosound 2 привлекува внимание каде и да е поставен. Исто како и кај Beosound A9, еден од главните новитети на Beosound 2 е „Mozart“ софтверската платформа, со што на ненадминливиот дизајн на овој производ се додава и софтверска долговечност, како и совршена интеграција на звучниците во секој луксузен ентериер. Атрактивната Black Anthracite боја се придружува на стандардната палета на бои – Gold Tone и Natural. Завршната обработка е поврзана со подобрен кориснички интерфејс заради едноставност на употреба, како и со додатокот Active Room Compensation, со помош на кој Beosound 2 може да ја детектира својата положба во просторот и да ја прилагоди дистрибуцијата на звукот за максимално уживање во слушањето.

За сите оние кои сакаат подобро да го запознаат брендот или производите, посетете ја официјалната веб-страница на Bang & Olufsen. 

2

 

Испрати коментар

Scroll To Top