Додека некои сакаат во просторот за живеење да го пренесат секој миг од својот живот, други претпочитаат професионалниот да биде издвоен од приватниот дел.
Но, уметниците и луѓето кои се вклучени во креативни професии, тешко можат да го одделат приватниот од деловниот сектор и обично нивниот приватен дом претставува и професионален простор.
Така, два ентериери дизајнирани од страна на Visualizer Galina Lavrishcheva, уредени се многу креативно со изразена особеност на нивните сопственици и со многу интересни детали и креативни решенија.
Првиот ентериер е комбинација на индустриски стил со еклектични елементи кои заедно создаваат забавна атмосфера до таква мера, дека секој момент, кога ќе се погледне во внатрешноста, може да се забележат некои нови детали. Ѕидови обложени со дрво и црвена тула, мрежи поставени на ѕид коишто служат за складирање и теписи со различни текстури и бои се само некои од деталите во ентериерот, кој е вистинска оаза за млади креативци.
Вториот ентериер на прв поглед е во спротивност со првиот, но и тука се искористени голем број на различни материјали и претставува моќен декор за севкупниот впечаток да биде во потполност. Интересното уредување е постигнато со комбинација на скандинавскиот и индустрискиот стил. Дрвените греди на таванот обоени во бела боја и ниските парчиња мебел визуелно го зголемуваат просторот.
Одличен избор е модерната бела кујна која совршено се вклопува со другите материјали како што се дрво и тула, и со тоа е создаден ентериер со многу интересен карактер.