Има уште многу работи што човештвото не ги знае за планетата Земја, а неодамна тоа незнаење се намали благодарение на фактот дека е мапирана една петтина од вкупната површина на дното на сите светски океани.
Иницијативата на проектот GEBCO Seabed 2030 на фондацијата Нипсон има за цел да создаде детална карта на сите океани, а тоа е проект што е почнат во 2017 година. До тој момент, само шест отсто од вкупната површина на океанот беше мапирана и за скоро три години тој процент се искачи на 19 отсто.
Јасно е дека голема површина сè уште останува неистражена, бидејќи 81 отсто од областа е сè уште мистерија, а научниците се очекува да го совладаат преостанатиот простор во наредните десет години.
Објавени се и мапи на кои црната површина претставува неистражени пејзажи, но експертите посочуваат дека не е точно дека ништо не се знае за затемнетите области, бидејќи сателитите веќе некое време се занимаваат со нив.
Научниците веќе научија многу од сателитските слики. Особено корисни се оние вселенски летала што содржат висиномери, кои создаваат идеи за тоа како изгледа морското дно, засновано на тоа како гравитацијата ја обликува водата на површината.
Сепак, ваквите мапи не се доволно детални, па затоа се очекува да се формираат подобри до 2030 година, пишува Би-Би-Си.
Попрецизни мапи се неопходни од неколку причини, пред се заради подобра навигација и разбирање на океанското дно, што може да се користи за поставување подводни кабли и цевки во блиска иднина.
Подеталните мапи се исто така важни за следење на состојбата на флората и фауната, како и за зачувување на најзагрозените видови, бидејќи се претпоставува дека во неистражените области има места каде биолошката разновидност се разликува од познати ситуации.
Новите технологии се исто така важни во процесот на мапирање, така што Ocean Infinity веќе работи на флота на роботски бродови што ќе се користат за мапирање на оние области што е тешко да се достигнат.
Се очекува дека комбинираните сили ќе достигнат подетална слика за Земјата, но и нови откритија, бидејќи човекот е само точка на планетата што е и самата точка во сопствената галаксија.