Две петини од светките термоцентрали на јаглен веќе се во загуба поради високите трошоци за гориво, открива истражувањето на влијателниот труст на мозоци Carbon Tracker. Глобалната анализа се базира на профитабилноста на 6.685 термоцентрали на јаглен во светот, што претставува 95% (1900GW) од сите оперативни капацитети, и 90% од капацитетите во изградба. Заклучокот е дека 42% од термоцентралите на јаглен се непрофитабилни, а до 2040 година би можело да бидат 72%, имајќи во предвид дека постоечките цени на јаглеродните емисии и прописите за загадувањето ги зголемуваат трошоците, додека цената на ветерните централи на копно и соларните електрани и натаму паѓа. Имено, за 35% од термоцентралите на јаглен, оперативните трошоци ги надминуваат трошоците за изградба на новите обновливи извори на енергија, а до 2030 година се очекува тој број да се зголеми на 96%. Така, Кина би можела да заштеди 389 милијарди УСД со затворање на термоцентралите во согласност со Парискиот договор, ЕУ би заштедила 89 милијарди УСД, САД 78 милијарди УСД, а Русија 20 милијарди УСД. Три енергетски компании од ЕУ (Polska Grupa Energetyczna -PGE, RWE и EPH, највеќе се изложени на ризикот.